Ремондис Медисон ДООЕЛ, дел од меѓународната компанија Ремондис со седиште во Лунен, Германија, е активна на пазарот во Северна Македонија од 2019 година. Компанијата обезбедува современи, ефикасни и одржливи решенија за управување со отпад и одржување на јавни површини. Со развиена инфраструктура, модерен возен парк и стручни тимови, ги поддржуваме клиентите од јавниот и приватниот сектор низ целата држава.
Нашата работа е специјализирана за:
Собирање, транспорт и третман на опасен медицински отпад.
Собирање и транспорт на комунален и друг вид безопасен отпад.
Одржување на јавни површини.
Нашите услуги
Во делот на собирање, транспорт и третман на опасен медицински отпад, Ремондис Медисон има воспоставено високо ефикасна мрежа која ги опфаќа и јавниот и приватниот здравствен сектор низ целата држава.
Исто така, сме препознаени како лидер во областа на комуналните услуги, со целосна опрема, лиценци и механизација за:
собирање и транспорт на неопасен отпад
чистење и одржување јавни површини
Дозволи
Дозвола за собирање и транспорт на опасен отпад
Број 20, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање на 20.10.2016 година.
Дозвола за складирање и третман на отпад
Број УП1-31-1003/2021, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, со важност од 25.10.2021 година.
Дозвола за одржување јавна чистота
Издадена од Министерството за транспорт и врски.
Цел и визија
Воведување здрав и еколошки начин за управување со отпад преку иновативен пристап, иновативни решенија и технологии, со цел намалување на ризикот по здравјето на луѓето. Нашата визија е да ја одржиме нашата водечка позиција во регионот преку уникатно партнерство со постојано подобрување на брзината, ефикасноста и квалитетот на услугата.
Нашиот тим
Том Верикен
Димитар Георгиевски
We use cookies to ensure that we give you the best experience on our website. If you continue to use this site we will assume that you are happy with it.Ok