Добредојдовте на страната на
Ремондис Медисон Д.О.О

Нашата компанија

Ремондис Медисон Д.О.О. е компанија со основна дејност: Собирање, транспорт и третман на опасен медицински отпад, собирање и транспорт на комунален и други видови безопасен отпад и одржување на јавни површини. 

Компанијата дава услуги кон јавни здраствени медицински установи, приватни здраствени медицински установи, јавни претпријатија и на компании од приватниот сектор. Во делот на собирање транспорт и третман на опасен медицински отпад, компанијата има изградена високоефикасна мрежа за собирање на медицински отпад како од јавниот така и од приватниот здравствен сектор ширум државата.

Цел и визија

Воведување здрав и еколошки начин за управување со отпад преку иновативен пристап, иновативни решенија и технологии, со цел намалување на ризикот по здравјето на луѓето. Нашата визија е да ја одржиме нашата водечка позиција во регионот преку уникатно партнерство со постојано подобрување на брзината, ефикасноста и квалитетот на услугата.

Ремондис Медисон Д.О.О. како дел од мултинационална компанија Ремондис со седиште во Лунен Германија започна со работа во Република Северна Македонија од 01.07.2019.

Транспорт и третман

За третман на медицинскиот отпад, компанијата користи технологија за стерилизација со автоклав и пареа, која е стандардна во другите европски земји. Во Словенија, медицинскиот отпад се третира во идентична инсталации, додека во Германија дури 60% од медицинскиот опасен отпад се третира со оваа технологија. Оваа технологија ги исклучува штетните ефекти врз животната средина и здравјето на луѓето

Медицински отпад

Медицинскиот отпад се третира механички и се стерилизира во строго контролирани услови. По третманот се депонира како неопасен автоклавиран медицински отпад. Собраниот медицински отпад се транспортира со возила за специјален транспорт на опасен медицински отпад.

Нашите услуги

Сите технологии, услуги и искуства што ги развивме или стекнавме во рамките на нашата компанија се достапни на нашите клиенти што резултираат со високо задоволство на нашите клиентите. Понудените услуги во целост се прилагодени на потребите на клиентите, со самото тоа Ремонис Медисон ДОО дава значителен придонес заштита на животната средина, намалување на трошоците и зачувување на ресурсите. 

Ведно успешно го поддржуваме системот на рециклирање на отпадни суровини.

За повеќе информации и порачки на нашите услиги, контактирајте не на: +389 2 2551 707

Услуги што ви ги нудиме

Собирање транспорт и медицински отпад.

Дозволата за собирање и транспорт на неопасен отпад издадена од Министерство за Животна Средина и просторно планирање на Република Северна Македонија ни дозволува да ја вршиме дејноста поврзана со комуналните услуги.

Собирање транспорт на комунален и индустриски отпад.

Комуналните услуги се вршат со модерни специјални возила за собирање и транспорт на комунален смет од приватниот сектор и се депонира во депониите во Република Севрна Македонија.

Чистење на јавни и прометни површини.

Чистењето и одржувањето на јавните површи се состои од метење, косење на трева, преземање на неопасниот отпад, траспорт и снабдување со техничка вода, чистење на септички јами, миење на јавните површини со цистерна.

Клиенти за транспорт и третман на опасен медицински отпад

Јавна Здраствена Установа
Општа болница со проширена дејност - Прилеп
Јавна Здраствена Установа
Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ - Охрид
Јавна Здраствена Установа
Специјализирана болница за Нефрологија – Струга
Јавна установа
Завод за заштита и рехабилитација - Бања Банско
Јавна Здраствена Установа
Здравствен дом Демир Хисар
Јавна Здраствена Установа
Здравствен дом Берово
Јавна Здраствена Установа
Клиничка Болница Тетово
Јавна Здраствена Установа
Општа болница со проширена дејност – Кавадарци
Јавна Здраствена Установа
Градска општа болница „8-ми Септември“ - Скопје
Јавна Здраствена Установа
Здраствен Дом – Охрид
Јавна здравствена организација
Здравствен дом Академик Проф.д-р. Димитар Арсов - Крива Паланка
Јавна Здраствена Установа
Здравствен дом - Ресен
Јавна Здраствена Установа
Општа Болница - Струмица
Јавна Здраствена Установа
Специјализирана болница за белодробни заболувања и ТБЦ – Лешок
Јавна Здраствена Установа
Здравствен Дом Гоце Делчев – Делчево
Јавна Здраствена Установа
Здравствен дом - Битола
Јавна Здраствена Установа
Завод за заштита и рехабилитација - Бања Банско
Јавна Здраствена Установа
Општа болница,,Др.Ферид Мурад,, - Гостивар
Јавна Здраствена Установа
Здраствен Дом - Неготино
Јавна Здраствена Установа
Општа болница со проширена дејност – Гевгелија
Привана Здраствена Установа
Диамед - Скопје
Привана Здраствена Установа
Нефрологија Систина – Скопје

1500 приватни здраствени установи во кој што се врбојуваат:  поликлиники, ординаци и останати приватни здраствени установи

Клиенти за транспорт на неопасен отпад

Приватни компании во општините во близина на Градот Скопје од кои се собира и транспортира комунален отпад.

Клиенти кај кои се извршуваат услуги за чистење и одржување на јавни прометни површини