За Ремондис Медисон Д.О.О
За нашата компанија
Ремондис Медисон Д.О.О., дел од меѓународната компанија Ремондис со седиште во Лунен, Германија, е активна на пазарот во Северна Македонија од 2019 година. Компанијата обезбедува современи, ефикасни и одржливи решенија за управување со отпад и одржување на јавни површини. Со развиена инфраструктура, модерен возен парк и стручни тимови, ги поддржуваме клиентите од јавниот и приватниот сектор низ целата држава.
Нашата работа е специјализирана за:
Собирање, транспорт и третман на опасен медицински отпад.
Собирање и транспорт на комунален и друг вид безопасен отпад.
Одржување на јавни површини.
Нашите услуги
Во делот на собирање, транспорт и третман на опасен медицински отпад, Ремондис Медисон има воспоставено високо ефикасна мрежа која ги опфаќа и јавниот и приватниот здравствен сектор низ целата држава.
Исто така, сме препознаени како лидер во областа на комуналните услуги, со целосна опрема, лиценци и механизација за:
Дозволи
Дозвола за собирање и транспорт на опасен отпад
Број 20, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање на 20.10.2016 година.
Дозвола за складирање и третман на отпад
Број УП1-31-1003/2021, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, со важност од 25.10.2021 година.
Дозвола за одржување јавна чистота
Издадена од Министерството за транспорт и врски.
Цел и визија
Воведување здрав и еколошки начин за управување со отпад преку иновативен пристап, иновативни решенија и технологии, со цел намалување на ризикот по здравјето на луѓето. Нашата визија е да ја одржиме нашата водечка позиција во регионот преку уникатно партнерство со постојано подобрување на брзината, ефикасноста и квалитетот на услугата.